Соопштенија

09 Февруари 2016

Им се соопштува на студентите кои што го положиле предметот СМЕТКОВОДСТВО во тековната 2015/16 да ги достават индексите за внесување на оцените кај администраторот Стефана Ристески најдоцна до 11.02.2016 (четврток)

08 Февруари 2016

Кандидатите кои ги положиле испитите по предметите Вовед во бизнис и Основи на економијата во јануарска испитна сесија (и преку колоквиуми), во групите кај д-р.Трајкова, да ги препроверат своите поени на  КОНЕЧНИТЕ СПИСОЦИ  и да се јават во среда (10/02/2016) во 10.30 часот во канцеларијата на Трајкова, за да им бидат впишани оценките во индекс. Индексите за оценка не мора лично да се носат.   

доц. д-р Наташа Трајкова

08 Февруари 2016

Студентите кои го положиле испитот БИЗНИС ИНФОРМАТИКА ќе можат да земат оценка кај асистентот Спире Лазароски на ден 10,02,2016 (среда) во периодот од 09:00 до 12:00.

08 Февруари 2016

Студентите кои го положиле испитот ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО ќе можат да земат оценка кај асистентката Рената Петревска Нечкоска на ден 10/02/2016 (среда) во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

05 Февруари 2016

Им се соопштува на студентите - запишани на трет циклус студии  дека во периодот од 08.02.2016 – до 19.02.2016 год. ќе се врши упис на парен семестар, а воедно и презапишување кредити и евиденција на парните семестри.

04 Февруари 2016

  

Термините по групи за одржување на вежби по предметот СТАТИСТИКА ЗА ЕОНОМИСТИ се следни:

Понеделник          4  група (12:15 - 14:00)

Вторник               1 и 2 група (12:15 - 16:15)и

Среда                  3 група (12:15 - 14:00)

1 група (студенти на студиска програма сметоводство, финасии и ревизија)

2 група (студенти на студиските  програми маркетинг менаџмент и иновациски и проектен менаџмент)

3 група (студенти на студискатите програми е-бизис, меѓународна економија и бизнис и менаџмент и бизнис)

4 група (студенти студенти на студиската програма банкарство и финасиски менаџмент)

Вежбите ќе се одржуваат во компјутерскиот центар 1 почнувајќи од 09.02.2016 год. (вторник) со почеток во 12:15 часот.

 

01 Февруари 2016

Им  се соопштува на студентите од прва година  при Економскиот факултет – Прилеп дека предавањата по предметот вовед во бизнис за студентите со број на досие од 01/15 до 105/15 ќе ги слушаат  кај проф. д-р Оливера Костоска, а студентите со број на досие од 106/15 до 209/15  кај доц. д-р Моника Ангелоска Дичовска.

01 Февруари 2016

Им  се соопштува на студентите од прва година  при Економскиот факултет – Прилеп дека доколку сакаат да извршат промена  на предметниот професор  по предметот вовед во бизнис  тоа да го направат најкасно до 05.02.2016 година  со потпишување на изјава во службата на студентски прашања за што секој студент треба да си најди замена со друг студент. 

22 Јануари 2016

Им се соопштува на студентите кои што го слушаат предметот ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈА од 01/15 до 100/15 број на досие(преку испит или колоквиуми) и предметот МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ (преку испит или колоквиуми) да достават семинаски во електронска и печатена форма кај администарторот Стефана Ристески најдоцна до 29.01.2016.

Проф. д-р Сашо Атанасоски

21 Јануари 2016

Англиски јазик устен испит

 

Усниот испит е задолжителен за сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи. Усниот испит ќе се одржи во кабинетот за странски јазици по следниот распоред:

 

Деловен англиски јазик 1: среда 03.02.2016

По азбучен ред по презиме:

А-Љ   08:30 часот

М-Ш  09:30 часот

 

Деловен англиски јазик 2 и Англиски јазик 3:

среда 03.02.2016 во 11:00 часот.

 

Студентите кои имаат потреба од консултации или увид во тестовите да се јават во следниот термин: 25.01.2016 (понеделник) од 10:00-11:00ч.

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |