вон. проф. д-р Димитар Николоски


Материјали >>


Кабинет Локак 174 Дир. телефон 048 40 27 74 Email ndimitar@yahoo.com Консултации среда 11:00-13:00 и четврток 9:30-11:30

Димитар Николоски е роден 1974 година во Велес. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп во 1996 година, на економско-статистичко-кибернетската насока. Во 2000 година магистрирал на универзитетот во Нојшател (Швајцарија) со магистерскиот труд на тема “Показатели на нееднаквост во распределбата на приходите во Р. Македонија“. Во 2007 година докторирал на универзитетот Стафордшир (Велика Британија) со успешна одбрана на докторската дисертација со наслов „Детерминанти на одржлива стапка на невработеност во земјите во транзиција со посебен осврт на Македонија“. На Економскиот факултет-Прилеп најнапред е вработен како асистент во периодот 2000-2007 година, а во февруари 2008 е избран за доцент по предметот економетрија. Полиња на научна преокупација му се економетријата, економијата на трудот, теоријата на статистичко заклучување и статистиката на работна сила.

  • Година на раѓање: 1974
  • Место на раѓање: Велес
  • Година на дипломирање: 1996
  • Факултет и насока на дипломирање: Економски факултет-Прилеп, економско-статистичко-кибернетскa
  • Година на магистрирање: 2000
  • Факултет и тема на магистрирање: Универзитет во Нојшател (Швајцарија), "Показатели на нееднаквоста во распределбата на приходите во Р.Македонија"
  • Година на докторирање: 2007
  • Факултет и тема на докторирање: Универзитетот Стафордшир (Велика Британија), "Детерминанти на одржлива стапка на невработеност во земјите во транзиција со посебен осврт на Македонија"
  • Година на последен избор во највисокото звање: 2012
  • Области на научна преокупација: економетрија, економијата на труд, теорија на статистичко заклучување и статистика на работна сила
  • Предмети на додипломски студии:
    • Економија на труд
    • Економетрија
    • Теорија на статистичко заклучување
    • Анализа на временски серии
  • Ангажмани на други факултети: нема
  • Објавени книги: “Граѓаните на република македонија на крајот од дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век” во коавторство со Проф. д-р Љупчо Печијарески и м-р Стевчо Димески и „Илустриран прирачник за Microfit 4.0 со збирка решени задачи по економетрија“.
  • Студијски престои:
    • Универзитет во Нојшател (Швајцарија), 1998-1999
    • Универзитет Стафордшир (Велика Британија), 2002-2007
    • Универзитет во Бања Лука (Босна и Херцеговина), декември 2007
    • Универзитет во Нови Сад, економски факултет во Суботица (Србија), септември 2008
    • Универзитет во Виена (Австрија), октомври 2008

Објавени книги 

  1. „Граѓаните на Република Македонија на крајот од дваесеттиот и почетокот од дваесет и првиот век“ коавторство со Љупчо Печијарески и Стевчо Димески, Метафора, Прилеп, март 2002;
  2. „Илустриран прирачник за Microfit 4.0 со збирка решени задачи по економетрија“, Економски факултет-Прилеп, април 2008;
  3. „Одржлива стапка на невработеност во земјите во транзиција – Студија на случај за Република Македонија“, (на англиски јазик), ВДМ Верлаг, мај 2009;
  1. Универзитет во Нојшател (Швајцарија), 1998-1999, магистерски студии
  2. Универзитет Стафордшир (Велика Британија), 2002-2007, докторски студии
  3. Универзитет во Бања Лука (Босна и Херцеговина), декември 2007, работилница во рамки на ТЕМПУС проект „Заеднички постдипломски студии по економија и науки за менаџмент во Југоисточна Европа“
  4. Универзитет во Нови Сад, економски факултет во Суботица (Србија), септември 2008, работилница во рамки на ТЕМПУС проект „Заеднички постдипломски студии по економија и науки за менаџмент во Југоисточна Европа“
  5. Универзитет во Виена (Австрија), октомври 2008, мобилност на универзитетски кадри во рамки на ТЕМПУС проект „Заеднички постдипломски студии по економија и науки за менаџмент во Југоисточна Европа“

Меѓународни конференции и симпозиуми

  1. „Статистиката како основа за креирање на економската политика и економскиот развој во Југо-Источна Европа“, Скопје, 29-30 октомври, 2001;   
  2. „Регионалната соработка и економскиот развој“ – Меѓународен симпозиум на Економски факултет-Прилеп, Прилеп и Охрид, 20-21 јуни, 2003;
  3. „Регионалниот развој и демографските промени во Балканските земји“, Ниш, Србија, 20 јуни, 2003;
  4. „Економскиот развој и мерките за реконструкција на Југоисточна Европа – Влијанието на европската интеграција“, Дубровник, Хрватска, 07-08 мај, 2004;
  5. III Когрес на математичарите на Република Македонија, Струга, 29 септември – 2 окромври, 2005;
  6. „Предизвиците на новата економија“, Меѓународна конференција на Економски факултет-Прилеп, Охрид, 14-16 октомври 2005;
  7. „Структурне промене и демографска кретања земаља Јужне Европе“ - XI Научни скуп Еконмски факултет, Ниш, Србија, јуни 2006;
  8. „Економијата и бизнисот во пост-рецесискиот период“, Меѓународна конференција на Економски факултет-Прилеп, Прилеп, 29 октомври 2010;
  9. „4-та Меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој“, Охрид, 05-07 мај, 2011;
  10. „Економски и општествени предизвици – Глобализацијата и одржливиот развој“, Тирана, Албанија, 9-10 декември, 2011;
  11.  „5-та Меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој“, Софија, Бугарија, 01-02 јуни, 2012;
  12. „Миграцијата и пазарот на труд“, Крушево, 19-20 октомври, 2012;
  13. „Истражување на економскиот развој и претприемништвото во транзициските економии“, Бања Лука, Босна и Херцеговина, 25-27 октомври, 2012;
  14. „Трет научен форум за Централна и Југоисточна Европа“, Виена, Австрија, 06-08 декември 2012;
  15.  „Европска интеграција во високото образование и истражувањето во Западен Балкан“, Белград, Србија, 13 мај, 2013;
  16. „6-та Меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој“, Истанбул, Турција, 20-21 јуни, 2013;
  17. „Добро владеење во земјите во развој“, Економски факултет, Универзитет во Тирана, Факултет за економија агробизнис, Земјоделски универзитет во Тирана во соработка со Регионалната програма за промоција на истражување и Универзитетот во Фрибург, Тирана, 5-7 декември, 2013;
  18. „13-та Меѓународна конференција за Централна и Источна Европа, Стари правила и нови традиции: Генерациски поделби во Централна и Источна Европа “, Лондон 19-21 февруари, 2014, University College of London, School of Slavonic and East European Studies;
  19. „Како до поголема вработеност на студентите и дипломците?“ Советување организирано од Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), Скопје 14 март 2014;
  20. „Предизвици на општеството засновано на знаење“, Букурешт, Романија 16-17 мај, 2014;

Објавени трудови

  1. „Теоретско-методолошки претпоставки за едно можно истражување на јавното мислење – Студија на случај: Влијанието на промените во политичкиот и економскиот систем врз вредносните ориентири и типовите политичка култура на граѓаните во Република Македонија“, Годишник на Економски факултет-Прилеп, бр.19-20, 2000;
  2. „Теоретско-методолошки претпоставки за истражување на феноменот на подвработеност во Македонија“, Економија и бизнис, мај 2001;
  3. „Статистички показатели за сиромаштијата со посебен осврт на показателите за сиромаштијата во Македонија“, Годишник на Економски факултет-Прилеп, мај 2001;
  4. „Животниот стандард на граѓаните во Република Македонија“, Зборник на трудови од Меѓународниот симпозиум „Статистиката како основа за креирање на економската политика и економскиот развој во Југо-Источна Европа“, октомври, 2001;
  5. „Дали е можна политика на trade off помеѓу невработеноста и инфлацијата во Македонија?“, Економија и бизнис, декември 2001;
  6. „Теоретски аспекти на нееднаквоста во распределбата на приходите“, Економија и бизнис, јуни 2002;
  7. „Регионални карактериситки на пазарите на труд во земјите во транзиција“, Зборник на трудови од Меѓународниот симпозиум „Регионалната соработка и економскиот развој“, Економски факултет-Прилеп, октомври 2003;
  8. „Демографските промени на пазарите на труд во земјите во транзиција со посебен осврт на Македонија“, Зборник на трудови од меѓународната конференција „Регионалниот развој и демографските промени во Балканските земји“, Економски факултет-Ниш, јуни 2003;
  9. „Утврдување на начинот на задоволување на културните потреби на граѓаните на Република Македонија во слободното време“, Годишник на Економски факултет-Прилеп, бр.20, стр.186-208, 2003;
  10. „Тековите на пазарите на труд во земјите во транзиција со посебен осврт на Република Македонија“, Зборник на трудови од Меѓународниот симпозиум „Економскиот развој  и мерките за реконструкција на Југоисточна Европа – Влијанието на европската интеграција“, Дубровник, мај 2004;
  11. „Некои аспекти на квантифицирањето на невработеноста во Република Македонија“, Економија и бизнис, бр. 79/80, јули/август 2004;
  12. „Некои аспекти на проблемот на невработеност во Република Македонија“, Економски развој, бр.1-2-3/2004, стр.241-260;
  13. „Стохастичко моделирање на динамиката на пазарот на труд со примена за Република Македонија“, Зборник на трудови од III Конгрес на математичарите на Република Македонија, Струга, 29 септември – 2 октомври, 2005;
  14. „Новата економија и пазарот на труд во Република Македонија, колку се блиски односно далечни?“, Зборник на трудови од меѓународната конференција Предизвиците на новата економија“, Охрид, 14-16 октомври 2005;
  15. „Некои аспекти на доходовната нееднаквост студија на случај за Република Македонија“, Зборник на трудови од Меѓународната конференција Структурните промени и демографските трендови во земјите на Југоисточна Европа“, Ниш, јуни 2006;
  16. „Применливоста на теоретскиот концепт на NAIRU за македонскиот пазар на труд“, Билтен на Министерство за финансии на Република Македонија, 09-10, 2008, стр.46-53;
  17. „Перспективите на македонскиот пазар на труд во периодот на пост-рецесиски развој“, Зборник на трудови од меѓународната конференција „Економијата и бизнисот во пост-рецесискиот период“, Прилеп, 29 октомври, 2010;
  18. „Сегментација на пазарот на труд во Република Македонија“, Економија и бизнис, бр. 154, март 2011;
  19. „ Македонскиот пазар на труд и улогата на универзитетските бизнис инкубатори“, Зборник на трудови од 4-та Меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој, Охрид, 5-7 мај, 2011;
  20. „Приврзаноста кон пазарот на труд во пост-транзициските змји – Студија на случај за Република Македонија“, Зборник на трудови од Меѓународната конференција „Економски и општествени предизвици – Глобализација и одржлив развој“, Тирана, 9-10 декември, 2011;
  21. „Претприемништвото во неформалниот сектор како облик на прилагодување на пазарот на труд – студија на случај за Република Македонија“, Зборник на трудови од 5-та Меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој, Софија, 1-2 јуни, 2012;
  22. „Невработеноста на младите во Република Македонија“, Економија и бизнис, бр.170, август 2012;
  23. „Влијанието на механизмите на прилагодување на пазарот на труд врз сегментацијата на пазарот на труд во Република Македонија“, Зборник на трудови од Меѓународната конференција „Миграцијата и пазарот на труд“, Крушево, 19-20 октомври, 2012;
  24. „Влијанието на глобалниот општествен амбиент во Република Македонија врз пазарот на труд“, Зборник на трудови од Меѓународната конференција „Миграцијата и пазарот на труд“, Крушево, 19-20 октомври, 2012;
  25. „Влијанието на светската криза врз леснотијата за водење бизнис во земјите на Западен Балкан“, Зборник на трудови од меѓународната научна конференција „Истражување на економскиот развој и претприемништвото во транзициските економии“, Бања Лука, Босна и Херцеговина, 25-27 октомври, 2012;
  26.  „Емиграцијата и трансферите од странство како облик на прилагодување на пазарот на труд – студија на случај за Република Македонија“, Analytical Journal, Vol.5, No.1, November, 2012;
  27.  „Улогата на алтернативните механизми за прилагодување на пазарот на труд во Република Македонија во периодот на економската криза“, wiiw Balkan Observatory Working Paper No. 101, November 2012;
  28. „Филипсовата крива во Република Македонија како инструмент за креирање политики“, Економија и бизнис, бр.179, мај 2013;
  29. „Согледување на потребите за универзитетски бизнис инкубатори во земјите на Југоисточна Европа“, Зборник на трудови од 6-та Меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој, Истанбул, 20-21 јуни, 2013;
  30. „Оценување на задоволството на студентите во земјите на Југоисточна Европа - Алтернативен пристап за вреднување на квалитетот на високото образование“, TEM Journal, Vol.2, No.3, September, 2013;
  31. „Економски пристап кон безбедноста и здравјето при работа: Какви поуки можат да се извлечат за Република Македонија?”, Зборник на трудови од првата меѓународна научно-стручна конференција „Безбедносно инженерство при работа и пожар“, Битола, 4-5 октомври, 2013;
  32. „Понудата и побарувачката на вештиви во Р. Македонија: извлекување лекции за идни интервенции во политиките“, Зборник на трудови од конференцијата „Добро владеење во земјите во развој“, Тирана, 5-7 декември, 2013;
  33. „ Германскиот дуален систем за стручно образование и тренинг“, Економија и бизнис, бр.186, декември 2013;
  34. „Социо-економските аспекти на проблемот на невработеноста во Република Македонија“, Списание на трудови на Друштвото за наука и уметност-Прилеп, Том 26-27, стр.15-28, Прилеп, 2014;
  35.  „Впрегнување на иновативниот потенцијал на crowdsourcing-от“, Зборник на трудови од 8-та меѓународна конференција „Предизвици на општеството засновано на знаење“, стр.541-548, Букурешт, 16-17 мај, 2014;
  36. „Дали високото образование го промовира претприемачкиот потенцијал на студентите во земјите на Југоисточна Европа?“, UCB Annals No.2/2014 Economy Series;

    Други достигнувања и активности

    1. Секретар на Катедрата за математика, статистика и кибернетика (подоцна Катедра за бизнис информатика) на Економски факултет-Прилеп во периодот 2006-2010 година;
    2. Втора награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата, Народна Банка на Република Македонија, април 2007 година;
    3. Награден труд: „Модел на одржлива стапка на невработеност за земјите во транзиција, со осврт на Македонија“;
    4. Член на Друштвото за наука и уметност – Прилеп од ноември 2008 година;
    5. Превод од англиски на книгата „Операциони истражувања: Вовед“ (осмо издание) од Хамди, А. Таха, Магор, Скопје, 2010 година;
    6. Претседател на Комисијата за оценка на истржувачки трудови при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, 2011 и 2012 година;
    7. Член на програмскиот одбор на меѓународната научна конференција „Миграцијата и пазарот на труд“, Крушево, 19-20 октомври, 2012 година;
    8.  Член на програмскиот одбор на меѓународната научна конференција „Економија на интеграции - Употреба на знаењето за премин од рецесија кон проспертитет“, Тузла, 6-7 декември, 2013 година.
    9. Член на програмскиот одбор на меѓународната научна конференција „Развојот на мали и средни претпријатија и иновациите: Градење конкурентна иднина на Југоисточна Европа“, организирана од Економски факултет-Прилеп и Централно-Европска Иницијатива, Охрид, 3-4 октомври, 2014 година;
    10. Член на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола од септември, 2013 година.

    СООПШТЕНИЈА

    19 Септември 2014

    Конечна ранг листа трет уписен рок 2014 - 2015

    повеќе

    19 Септември 2014

    Им се соопштува на студентите запишани на Втор циклус на Економски факултет - Прилеп дека запишувањето предмети од непарните семестри, евидентирање и запишување на година ќе се врши од 19.09.2014 до 03.10.2014 год.

    повеќе

    15 Септември 2014

    ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2014/2015 ГОДИНА 

    повеќе
    сите документи